Алкарас за натпреварот со Ѓоковиќ на ОИ: „Го прашав Федерер, што би направил ти?“

Точка

11/11/2024

12:34

6.736

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас ги откри деталите од неговиот разговор со Роџер Федерер. Младиот шпански тенисер раскажа за што разговараше со Швајцарецот.

„Во Шангај не можеше да присуствува на моите натпревари, но јас останав неколку денови во градот и имав можност да тренирам со него, да разговарам и да го прашам околу неговата кариера, како му одеше, што правеше. Мојата кариера само што започна, па се обидов да го прашам за совети кои ќе ми користат во иднина. Потоа заедно го гледавме финалето на Мастерсот 1000 и за сè разговаравме“, изјави Алкарас за Марка.


Тој ја искористил можноста да извлече совет од дваесет кратниот Гренд слем шампион во врска со финалето на овогодишните Олимписки игри, во кое беше поразен од Ѓоковиќ и покрај тоа што одигра одличен натпревар.

„Разговаравме околу тој натпревар – финалето со Ѓоковиќ на ОИ, што би направил тој на мое место. Се обидов да извлечам совети од него и за животни ситуации. Тоа беше одличен момент за мене и се надевам дека почесто ќе доаѓа да ги гледа моите натпревари“, вели Алкарас.


Шпанскиот тенисер исто така го сподели својот впечаток околу заедничкиот тренинг со Федерер.

„Неговиот тајминг е тука, Роџер секогаш ќе го поседува тој квалитет. Играше со толкава леснотија, ми кажа дека тоа му бил прв пат да игра со толкав интензитет откако заминал во пензија. Тој и претходно играше тенис но не со толкав интензитет. Делуваше како никогаш да не се повлекол. Се разбира, кога поените стануваа подолги, тој беше како и порано, а јас се чувствував како да не заминал во пензија“, додаде Алкарас.