[ВИДЕО] „Како нѐ рокнавте во срце нас иселениците“: Сите зборуваат за новата песна на Некст тајм и Слаткар

Точка

09/11/2024

12:37

20.019

Големина на фонт

а а а

Некст тајм и Слаткаристика вчеравечер го промовираа најновото музичко парче, насловено како „Океани“, кое ги освои македонските срца, особено оние кои повеќе не живеат во својата татковина.

„После 10 години се враќаме на сцена со нова авторска песна. Заедно со Слаткар направивме една многу интересна песна искомбинирана од повеќе музички стилови. Се надеваме ќе допре до сите“, велат Стефан и Мартин.


Музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветковски. За текстот се заслужни Стефан Филиповски, Слаткар и Лазар Цветковски. Режисер на спотот е Мартин Филиповски, а за реализацијата е одговорен Кристијан Теодоров.


„Како нѐ рокнавте во срце нас иселениците“, „Тешко на печалбарите со песнава“, Тој што го доживеал ова што е испеано, најдобро ја разбира песнава“, „Удира директно во срце, го знаеме тоа чувство сите што сме далеку од дома“, „Ова не е песна, ова е песниште“, „Имаме нова химна“, се само дел од многуте коментари.


„Океани“ за неполни 24 часа руши рекорди на сите платформи. Слушнете ја и споделете ја новата химна на сите кои живеат далеку од Македонија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг