[ФОТО] Градот во кој е опасно да се дише: Толку е убиствен што властите го избришале од географската карта

Точка

08/11/2024

21:21

6.588

Големина на фонт

а а а

Веројатно најопасниот град во светот, а Австралијците го избришаа од официјалната географска карта, ги затворија патиштата кои водат до него и ги отстранија сите патокази на коишто тој се споменува, а тоа го направија за да ги заштитат посетителите од вдишување на ситните влакна на азбест кои предизвикуваат рак и белодробни заболувања.


Некогаш беше симбол на економскиот просперитет и богатство, но сега градот Витенум е град на духови во северозападниот дел на земјата и синоним за една од најголемите индустриски трагедии на сите времиња во Австралија. Австралискиот Чернобил, како што понекогаш се нарекува, до неодамна имаше само двајца преостанати жители кои продолжија да живеат таму и покрај предупредувањата дека дури и дишењето во Витенум може да ги чини живот.


Од 20.000 жители кои живееле и работеле во градот или во блиските рудници, 2.000 починале поради болести поврзани со азбест, минерал кој е дел од карпите и почвата. Сè додека е „оставен“ на мир, азбестот во природата не е закана по здравјето, но станува опасен во текот на рударството, копањето или градежништвото.


Витенум на крајот стана канцерогена темпирана бомба бидејќи никој не се грижеше за отпадните производи од рудникот. Откако се насобраа неколку тони јаловина во близина на рудниците, тие штетни материи започнаа да го загадуваат воздухот, почвата и водата.


Меѓутоа иако поминаа речиси шеесет години од затворањето на рудниците, ризикот по здравјето сè уште е исклучително висок. Поради ова, владата ги исклучи водата и струјата и постави бројни табли со предупредување.


Во текот на четириесеттите години од минатиот век, Витенум привлече илјадници семејства кои се преселија таму поради богатата индустрија, но наместо подобар живот, тој им понуди болести.


Рудниците на синиот азбест конечно се затворија во 1966 година, но експертите велат дека Витенум никогаш повеќе нема да биде безбедно место за живеење, додека чистењето на природата од азбест не доаѓа предвид бидејќи е прескапо.


Лорејн Томас беше последната жителка на Витенум, кој беше нејзиниот дом и целиот нејзин свет, како и местото каде што бил погребан нејзиниот сопруг. Лорејн конечно се исели минатата година, а Витенум и официјално стана град без жители.