3.5 милиони лајкови: Георгина ги воодушеви обожавателите со новата фотографија на Роналдо и ќерката Бела

Точка

08/11/2024

20:40

3.752

Големина на фонт

а а а

Георгина Родригез ги воодушеви своите следбеници со една од нејзините најнови објави на Инстаграм. Имено таа објави фотографија од нејзиниот вереник Кристијано Роналдо на која тој позира со нивната ќерка Бела Есмералда.

„Татко“, напиша Георгина под фотографијата која собра 3,5 милиони лајкови.


Познатиот фудбалер е горд татко на пет деца – двегодишната Бела Есмералда, Алана Мартина, која ја роди Георгина во ноември 2017 година, близнаците Ева и Матео, кои се родени во јуни 2017 година од сурогат мајка и Кристијано Јуниор, кој, се претпоставува дека исто така го родила сурогат мајка во 2010 година.


Првиот син го добил на 25 годишна возраст

Во 2010 година светот беше изненаден од веста дека фудбалерот добил син, а набрзо почнаа гласини околу тоа која е мајката на детето. Нејзиниот идентитет до ден денес не е познат, а фудбалерот никогаш не потврдил дали станувало збор за сурогат мајчинство. Во последните години се претпоставуваше дека фудбалерот на анонимна жена ѝ платил 12 милиони долари за да молчи. Кристијано Јуниор денес има 14 години и исто како и неговиот татко сака да стане фудбалер.


Во 2016 година, Кристијано Роналдо ја започна љубовната врска со Георгина Родригез, а во јуни 2017 година доби близнаци со најверојатно – сурогат мајка. Кога се родија близнаците Ева и Матео, Георгина веќе беше бремена со нивното прво заедничко дете, а малата Алана Мартина се роди шест месеци по близнаците.


Во октомври 2021 година, Роналдо и Георгина објавија дека очекуваат близнаци, меѓутоа нивниот син на крајот починал. „Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашиот син. Тоа е најголемата болка која може да ја почувствува еден родител. Но раѓањето на нашето девојче нѝ дава сила да го преживееме овој момент со малку надеж и среќа“, напиша парот во април 2022 година во заедничката изјава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг