Дело на "AI" робот продадено за речиси еден милион евра

Точка

08/11/2024

18:13

6.702

Големина на фонт

а а а

Портретот од Алан Тјуринг нацртан од робот достигна цена од повеќе од 960.000 евра на аукција.

Роботот Аи-Да, именуван по Ејдa Лавлејс, која се смета за првиот компјутерски програмер, е првиот уметник робот чие дело е продадено од голема аукциска куќа.

Ултра реалистичниот робот дизајниран да изгледа како жена е создаден од тим предводен од Ајдан Мелер. Аи-Да има камери во очите и користи вештачка интелигенција за цртање, сликање и вајање.


Нејзиното дело високо 2,2 метри создадено со помош на алгоритми со вештачка интелигенција се очекуваше да достигне цена од 120.000 до 180.000 евра, но на крајот се продаде за повеќе од 960.000 евра.

На фотографијата е Алан Тјуринг, британскиот научник кој се смета за татко на модерните компјутери.


Аи-Да веќе ги нацрта главните изведувачи на музичкиот фестивал Гластонбери пред две години: Били Ајлиш, Дајана Рос, Кендрик Ламар и Пол Макартни.

Истата година, роботот ја насликал и британската кралица пред нејзиниот платинест јубилеј.