Нашите домаќинки упорно прават голема грешка при подготовката на спанаќот: Експерт открива како единствено е правилно и здраво

Макфакс

08/11/2024

19:03

892

Големина на фонт

а а а

Спанаќот е исклучително здрав, но неопходно е да се знаат сите негови карактеристики, вклучувајќи ги и оние кои се потенцијално опасни за организмот.

Спанаќот се вбројува во суперхрана и е многу здрав. Меѓутоа, ако го готвите, ќе си направите лоша услуга бидејќи ќе ги „убиете“ повеќето од неговите корисни состојки. Затоа стручњаците советуваат спанаќот да се јаде исклучиво во сирова состојба.

Доколку сакате да го искористите спанаќот на најздрав начин, најдобро е ситно да го исечкате и да го додадете во вашето смути во сирова состојба.


Кога јадете сиров спанаќ, апсорбирате повеќе фолати, витамин Ц, ниацин, рибофлавин и калциум. Сировиот спанаќ исто така полесно се меша во смути, бидејќи е релативно без вкус. И, се разбира, во својата сирова форма тој е преполн со влакна и вода.

Зошто не е добро да го готвите спанаќот?

Подготвувањето спанаќот со готвење го намалува нивото на антиоксиданти во него, а кога ќе го комбинирате со јогурт или со млеко, се ослободува многу важна хранлива состојка – лутеин.

Готвењето или пржењето спанаќот може да го уништи лутеинот во него. Истражувањата покажуваат дека лутеинот им користи на луѓето со отечени крвни садови или коронарна болест. Исто така, познат е и како витамин за очи, бидејќи штити од оштетувања предизвикани од сонцето.

Смути од спанаќ со јогурт или полномасно млеко може да биде одлично за вашето здравје.

Одамна е познато дека спанаќот е исклучително здрава намирница, но за него често се поврзуваат и некои негативни факти од стручњаците, како оние дека не смее да се загрева или да се јаде во големи количини.


Секако, тоа не значи дека никогаш повеќе не треба да зготвите спанаќ, но стручњаците препорачуваат почесто да се јаде во свежа, сирова форма.

Кој треба да го избегнува спанаќот?

Спанаќот спаѓа во темнозелен лиснат зеленчук како што се блитвата, зелената салата, кељот и магдоносот. Станува збор за намирници кои имаат висока хранлива вредност.


Меѓутоа, точно е дека спанаќот содржи и одредени количини на оксална киселина, која поради високата концентрација на пурин може да предизвика проблеми кај бубрежно болните, а треба да go избегнуваат i лицата со гихт, камења во жолчката и артритис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг