Девојката на Дани Олмо вели: „Ме ограбија по доделувањето на Златната топка, а потоа се преправаа дека не сториле тоа“

Точка

07/11/2024

20:42

5.282

Големина на фонт

а а а

Девојката на Дани Олмо, Лаура Шмит, тврди дека била ограбена по доделувањето на „Златната топка“, а за грабежот ги обвинува вработените во парискиот хотел во кој престојувале.


„Мојот дечко истата вечер се врати во Барселона бидејќи требаше да тренира следниот ден. Мислев дека ќе поминам убав ден во Париз. Но, таму ме ограбија“, раскажа Шмит во нејзиниот поткаст „Pretty Best Strangers“. „Не бев во собата можеби еден час, кога се вратив – целата соба беше празна. Сите мои кутии со накит беа испразнети. Имав нервен слом“, додаде Шмит.


А потоа пресврт

Кога Шмит го пријавила грабежот, се случил пресврт.

„Не си верував себеси, не сакав никого веднаш да обвинам. Му се јавив на обезбедувањето на хотелот, а кога повторно се вратив во собата, ги видов како го вадат мојот накит од под креветот – преправајќи се дека таму го пронашле. Беше ужасно. Никогаш не помислував дека ќе го доживеам тоа. Поради шокот плачен на рецепција. Материјалните работи можете да ги смените, но не и човечноста“, раскажа Шмит.


Дваесет и шестгодишната Германка и Олмо веќе извесно време се во врска, но приватниот живот го држат подалеку од очите на јавноста. Таа се занимава со креирање на содржини за социјалните мрежи, а на Инстаграм ја следат 150 илјади луѓе.