Исповед на девојката која ја загубила невиноста со Дејвид Боуви шокирала многумина, но таа е горда на секоја минута помината во друштвото на големиот уметник.
Дејвид Боуви имаше 69 години кога ја загубил борбата со ракот на црниот дроб. Деталите за болеста ги криел од публиката, па неговите обожаватели биле во неверување. Толку шокирани што напишале петиција до Бога барајќи од него да им го врати идолот:
„Toa е грешка, Господи, голема грешка. Не сакам да живеам во свет без Дејвид Боуви. Не сакам!“, стоело во петицијата која на „Change.org“ ја објавил Италијанец од Рим, Андреа Натела, а која ја потпишале 1700 луѓе.
Освен неговата уметност, зад Дејвид Боуви останале сопругата Иман и двете деца Данкан и Александрија.
Но, настрана од тоа колку бил плоден уметник и колку неговата љубов со Иман била романтизирана до самиот крај, остана да „лебди“ и приказната за него како бисексуалец.
Тоа беа најлудите години од минатиот век кога рок ѕвездите беа богови, а групи девојки беа таму за да ги следат и да ги обожаваат. Лори Медок била една од нив. Родена и израсната во Северен Холивуд, Лори станала дел од група девојки во раните 70-ти.
Додека нејзината мајка работела деноноќно за да го издржува семејството, Лори се криела по клубовите надевајќи се дека ќе сретне некој познат. Така стигнала до Дејвид Боуви.
„Го запознав кога беше на турнеја. Сакаше да ме однесе во неговата хотелска соба, а јас сè уште бев девица и преплашена. Имаше коса во боја на морков и најбела можна кожа на светот. Дотогаш веќе се бакнував со момци, но не бев подготвена за Дејвид Боуви“, се присетила своевремено Лори.
Пет месеци подоцна, Лори ја променила својата приказна. Следниот пат кога Боуви бил во градот, таа отишла на вечера со него, а потоа во миг ги сретнале Џон Ленон и Јоко Оно. За Лори, тоа бил свет од соништата.
„Се упативме кон Беверли Хилс и сите дојдоа во огромниот стан на Боуви, сите бевме фасцинирани од него. Боуви беше убав, паметен и присебен. Бев неверојатно возбудена. Боуви нè внесе во станот, се извини и замина во друга соба. Јас и мојот пријател извадивме хашиш и шампањ. Бев неверојатно надувана кога Боуви се појави во прекрасно црвено и портокалово кимоно“, опишува Лори, продолжувајќи:
„Ми упати продорен поглед и ми рече: ’Лори, душо, можеш ли да дојдеш овде?‘ Ме поведе низ својата спална и бањата, каде го слече кимоното. Влезе во кадата која веќе беше наполнета и ме замоли да го искапам. Секако дека едвај дочекав. Потоа ме одведе во спалната соба, нежно ме соблече и ми ја зеде невиноста.“
Истата вечер ја имала и првата тројка.
„Подоцна, кога влегов во дневната соба да го побарам другарот кој беше надуван како змеј, го слушнав како вика: ’Сакам да го е*ам Дејвид Боуви!‘, на што тој рече: ’Па драга, доведи го овде!‘ Таа вечер ја изгубив невиноста и ја имав првата тројка. Тој беше тотално бисексуален. Се забавував со Дејвид во наредните 10 години и секогаш беше одлично“, рекла Лори.
Сепак, подоцна се покажало дека Лори не била загреана само за Дејвид Боуви, туку и за Џими Пејџ. Гитаристот на „Лед Цепелин“ ја поканил Лори да излезе на состанок со него веднаш откако таа спиела со Дејвид Боуви. Лори мислела дека тоа е шега и ја прекинала врската, но судбината сакала неколку дена подоцна со другар да дојде во куќата на Иги Поп.
„Сите се дружевме на базенот, се додворуваме едни со други, а Џими дојде до мене. Тој ми рече: ’Дали си ти Лори? Јас сум Џими. Реков дека сакам да бидам со тебе.‘ Не можев да верувам што слушам. Носеше шапка со широк обод и држеше стап. Ме шармираше. Веднаш се заљубив. Бендот имаше свој авион наречен „ѕвезден брод“ и сите летавме таму-ваму по светот.“
„Имав 17 години кога нашата врска заврши, и продолжив да го следам Мик Џегер на неговите концерти и лудо се забавувам. Тој период од мојот живот е незаборавен. Тоа беше период од животот кога сè изгледаше неверојатно и возможно. Немаше СИДА и немаше здравствени последици. Никој не се плашеше да не заврши на „Јутјуб“ или на насловна страница.
Светот сега е поинаков“, заклучила Лори.
Мајката на Лори имала став кој шокирал многумина – ја поддржувала својата ќерка во сè што правела.
„Ѝ се допаѓаше тоа. Велеше: ’Мојата ќерка е како Присила‘. Јас бев малиот ангел на Џими“, завршила Лори.