Смрт на „Алијанц арена“ ја засени победата на Баерн во ЛШ

Дерби

07/11/2024

13:23

2.110

Големина на фонт

а а а

Натпреварот меѓу Баерн Минхен и Бенфика доцнеше со старт 15 минути поради технички проблеми во метрото пред стадионот „Алијанц арена“, но за жал ова е најмалку вредната вест за одбележување од оваа средба, особено поради фактот што германскиот великан ја соопшти најлошата информација преку социјалните мрежи.

Покрај почетното одложување на првиот судиски свиреж, играчите на двата тима во еден момент беа сконцентрирани кон тоа што се случува на трибините, каде во еден момент завладеа целосен молк.

Причина за тоа беше лекарската интервенција која ја добиваше еден фан на Баерн Минхен, кој за жал испадна дека последниот здив го испуштил на натпревар кој го игра неговиот омилен клуб.

Баерн ја извести јавноста дека фанот починал на пат кон болница како последица на срцев удар, па затоа потенцира дека никој во клубот не се радува на победата над Бенфика остварена со резултат 1:0.

– ФК Баерн е во голема жалост: Смрт ја засени победата од 1-0 над Бенфика. На натпреварот од прелиминарното коло во Лигата на шампионите против Бенфика, победата на Баерн од 1-0 е ставена во втор план поради тажна прилика. Итната медицинска помош која беше укажана на трибините на „Алијанц арена“ ја засени играта од самиот почеток. Поради околностите, нашите најверни навивачи воздржаа од вообичаената гласна поддршка на својот тим, а клубот исто така го намали известувањето за овој натпревар.

– Околу еден час по последниот судиски свиреж, за жал ја добија тажната вест дека навивачот починал на пат кон болница. ФК Баерн е покрај роднините на навивачот и изразува голема жалост за немилиот настан, – гласи соопштението на Баварците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг