[ФОТО/ВИДЕО] „Залудни ѝ се сите пластични операции кога е мажена за идиот, а тек нејзиниот англиски – е тоа е вистински блам и срам“: Вака без пардон ја критикуваат Меланија, а ѝ се потсмевала и познатата актерка

Точка

07/11/2024

12:11

7.486

Големина на фонт

а а а

Кон крајот на месец октомври, Меланија Трамп бил гостинка во емисијата „Fox news“ каде говорела за нејзините мемоари „Melania“, кои се најдоа на врвот на листата на бестселери на „New York Times“.

Коментарите за нејзиното гостување се одличен приказ за тоа што поединци мислат за политиката на нејзиниот сопруг, кој вчера победи на политичките избори во САД, но и за самите „критичари“ кои се слика и прилика на релативно лошиот имиџ на Америка.

Првата дама на САД, Меланија Трамп, во емисијата зборувала за нејзиниот став кон абортусот, кој впрочем беше една од клучните теми на американските избори. Таа потенцирала дека нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, го знаел нејзиното мислење откако се запознале, но дека повеќето луѓе не го знаат тоа, па ако ги интересира нејзиниот став за тоа што навистина е за неа „Моето тело – мојот избор“, треба да ги прочитаат нејзините мемоари.

Голем број луѓе на социјалните мрежи коментираат дека Меланија Трамп сигурно гласала за Камала Харис, како и дека посакува нејзиниот сопруг да заврши во затвор. Во книгата нема ниту еден збор за неговите вонбрачни афери, а имаше и наводи дека познатата Словенка тешко го поднесувала ова судење против Трамп.

Ја „критикуваат“ и за тоа како говори англиски и истакнуваат: „Зборувај англиски, те молам“, „Таа мора да се врати дома затоа што не зборува добро англиски …“, негативниот однос кон Латиноамериканците за време на кампањата на Доналд Трамп е исто така забележан, па се коментира вака – „Кога на Трамп не му одговараат Латиноамериканците кои имаат свој препознатлив акцент, тогаш Меланија со нејзиниот акцент не ни одговара нам“.

„Водителите не можат да скријат колку им е непријатно“, велат некои, а има и такви кои велат: „Нека ја депортираат“.


Иронично, тие му замеруваат на Трамп за исклучителноста, а тие самите ја промовираат. На запрепастување на многумина, во 2020 година, славната Бет Мидлер јавно ѝ упатила слични забелешки на Меланија Трамп откако г-ѓа Трамп одржала говор на републиканската национална конвенција во Белата куќа „Тргнете ја таа илегалка од сцената!“, нагласила актерката, па го исмевала бракот на парот Трамп велејќи дека Меланија е „една среќна Словенка“.

„И после сите тие операции, освои еден вид на ужасен џекпот, врзана си за голем идиот“, додала таа.


Подоцна го рекла и ова: „Само им давате вкус на сопствениот лек против имигранти. Претпоставувам дека не се воодушевени“. Бет тогаш се правдала како тоа било сарказам и изјавила: „Америка ја сочинуваат луѓе кои зборуваат со секакви акценти и секој секогаш е добредојден“.


Многумина жестоко ја критикуваа дека го истакнувала акцентот на Меланија Трамп и потеклото на сопругата на Доналд Трамп, но и фактот дека поранешната словенечка манекенка се преселила во Америка.

„Колку јазици зборуваш, Бет? Меланија знае: словенечки, англиски, француски, италијански и германски“, ја бранеле Меланија, додека адвокатката за човекови права Ребека Кавано додала: „Едноставно не е смешно да се исмева употребата на англискиот јазик на некој кој не е роден во Америка. Згора на сè, Меланија знае англиски, Бет веројатно се потсмева на својот акцент.


И по победата на Трамп, некои се потсмеваат на бракот на претседателскиот пар, особено начинот на кој Меланија и Доналд се бакнуваат во јавност – бакнувањето „во воздух“ за некои е знак дека овој однос е чиста фарса.

Таа не може ниту да го бакне својот сопруг како што треба“, се нагласува.

Но, Меланија многумина и ја фалат, издвојувајќи ја нејзината грациозност, убавина, шарм, харизма, велат дека се заљубени во неа и дека е извонредна жена. Некои дури ја споредуваат со Кејт Мидлтон и тоа е поради теоријата дека на вчерашното гласање на Флорида била заменета со двојничка.

За потсетување, пред неколку месеци, додека не се дозна што се случува со сопругата на принцот од Велс, се сомневаше дека снаата на кралот Чарлс III ја заменува жена која многу наликува на неа.