[ФОТО] Последниот автомобил на Елвис Присли се продава: Го возел неколку часа пред смртта

Точка

06/11/2024

18:58

566

Големина на фонт

а а а

Кадилак Севилја од 1977 година, последниот автомобил на Елвис Присли пред два дена е ставен на продажба. Музичката легенда го возела овој автомобил само неколку часа пред неговата смрт, пишува „Jam press“.

До моментот кога трагично почина на 16 август 1977 година, се верува дека Елвис купил најмалку 200 кадилак автомобили.


Само девет дена по смртта на Елвис, неговиот татко Вернон ја префрлил сопственоста на овој автомобил врз тогашната свршеница на Елвис – Џинџер Алден. Со текот на годините, автомобилот поминал низ рацете на многу сопственици, вклучувајќи го и Џими Велвет, кој управуваше со музејот на Елвис Присли на имотот Грејсленд во Мемфис, Тенеси.


Се очекува дека цената ќе биде повисока од 100.000 долари

Велвет, кој тврдеше дека ја има најголема колекција на предмети кои ги употребувал Присли, во 1982 година го купи автомобилот од Џинџер. Автомобилот подоцна бил продаден на Грег Пејџ за 101.500 долари на аукцијата во 1994 година, а го продаде синот на Велвет, Скот.


Сегашните сопственици го купиле возилото на аукција во 2014 година во Грејсленд и го позајмиле на музејот.

Според Форбс, сега се очекува автомобилот да ја надмине цената од 100.000 долари, а она што е интересно е дека табличките „Елвис 1“ не се на продажба.

Елвис ја одбрал шемата на бои на автомобилот – комбинација на темно црвена и бордо преку сребрената боја.


Тој исто така во автомобилот инсталирал приспособено „CB“ радио во автомобилот, кое го користел за да комуницира со стражарницата и кујната во Грејсленд.

Автомобилот има моќен „V8“ мотор со зафатнина од 5,7 литри и има поминато само 93.000 километри.

Според магазинот „Luxury Auto News“, каросеријата била направена по нарачка од страна на компанијата Фишер.


Возилото е ставено на онлајн аукција од пред два дена, а рокот за доставување понуди е 25 ноември.

Купувал Кадилак автомобили и ги подарувал


Се верува дека Елвис во текот на својот живот купил најмалку 200 кадилак автомобили, од кои речиси сите ги подарил на пријателите, роднините, а понекогаш и на непознати кои биле особено љубезни, дружељубиви или кои му помогнале во нешто.



Спонзорирани линкови

Маркетинг