Легендарниот модел “Lancia Delta Integrale“, рели автомобилот кој Карлос Саинц го прослави на почетокот на 90-тите, моментално е на продажба, а сопственикот бара вистинско богатство за него.
Поминаа повеќе од 30 години откако Карлос Саинц Сениор доминираше во рели шампионатот, а во исто време оживеа приказната за легендарната “Lancia Delta Integrale“, која се уште е вистинско богатство за секој љубител на автомобили.
Автомобилот, кој му припаѓаше на официјалниот тим на „Lancia“, е опремен со 2.0-литарски четирицилиндричен мотор кој произведува повеќе од 300 коњски сили, има шест-брзински менувач “Lancia Abarth R90“ и, се разбира, погон на четири тркала.
#LoMásLeído 🚨🤑 Se vende el mítico Lancia Delta Integrale de Carlos Sainz y piden un dineral https://t.co/CGRDJuJyFf
— MARCA (@marca) December 31, 2024
Сопственикот бара 511.000 евра
Приказната за овој модел е повторно актуелна откако сопственикот го реставрирал и го подготвил за продажба. Реставрацијата е направена во Франција во 2019 година, а сопственикот чекал пет години пред да одлучи да го продаде.
Преку британскиот дилер на автомобили “Duncan Hamilton Rofgo Ltd“, кој е специјализиран за најбараните рели автомобили, сопственикот бара 511.000 евра. Тоа е голема сума, иако не е претерано за некој што ја разбира вредноста на овој модел.
Обична „Lancia Delta Integrale“ денес се продава за повеќе од 100.000 евра, а датира од периодот од 1987 до 1992 година. Меѓутоа, бидејќи овој модел го возеше двократниот шампион Карлос Саинц, неговата цена е многу оправдана.
“Lancia Delta HF Integrale“ освои четири WRC титули за време на своето златно доба, кога ривали беа легендарните модели како што се „Ford Sierra“, „Toyota Celica“ и „Subaru Impreza“. „Lancia“ постигна уште поголема доминација во конкуренција на конструктори, освојувајќи шест последователни титули до 1992 година.