Со расклопувањето на кинеските електрични автомобили откриено е како успеваат да бидат толку евтини

Точка

05/11/2024

23:04

3.768

Големина на фонт

а а а

Кина во моментов е лидер во производството на електрични автомобили. Јапонците расклопија дел од нивните модели и дојдоа до одговор на прашањето како успеваат да бидат поевтини од конкуренцијата.

Додека европската автомобилска индустрија и клиентите не покажуваат премногу ентузијазам за електричните автомобили, кинеската автомобилска индустрија со нив постигнува одлични резултати. Европската унија реагираше и откако Америка воведе дополнителни царини за кинеските електрични автомобили.

Минатиот месец, јапонското Централно биро за економија, трговија и индустрија одржа семинар на кој беа расклопени некои кинески електрични автомобили. Како што пренесува "MSN", анализирани се 90.000 делови од 16 увезени електрични модели, вклучувајќи ги "Atto 3" на "BYD", "EZ5" на "Nio" и "Tesla Model Y".


Клучна оптимизацијата на фабричкото производство

"Atto 3" се продава на кинескиот пазар од февруари 2022 година. Неговата цена е околу 26.500 евра, што е релативно евтино во споредба со сличната конкуренција. Моделот "Delphin" на "BYD" започнува од 22.000 евра, а моделот "Sea" од 32.000 евра.

Експертите од индустријата ги проучувале тајните на кинеските производители на електрични автомобили, вклучувајќи го и "BYD", за да се обидат сами да ги намалат трошоците. Се покажа дека клучот лежи во оптимизирањето на производството на делови внатре во фабриката.


Во случајот на електричниот погон на моделот "Atto 3", интегрирани се осум компоненти, вклучувајќи вграден полнач, трансформатор на еднонасочен напон, мотор, конвертор и редуктор. Ова не само што ја намалува тежината, туку и трошоците за производство.

Покрај тоа, "BYD" ги произведува повеќето делови независно, вклучувајќи ги и електричните погони и батериите. Имајќи предвид дека батеријата сочинува третина од трошоците за производство на автомобил, јасно е дека независното производство носи значителни заштеди. Единственото нешто што "BYD" не го прави се гуми и стакло. Дополнителна заштеда е тоа што моделите "Atto", "Seal" и "Doplhin" имаат некои заеднички делови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг