Истражување открива големи разлики во стандардите на безбедност.
Дали сте знаеле дека ист модел на автомобил може да биде повеќе или помалку безбеден – во зависност од земјата во која се продава? Иако однадвор изгледаат идентично, многу производители со години ги приспособуваат безбедносните системи според пазарот, често на штета на купувачите.
Во најновото видео кое ја обработува оваа тема, Ден Бобкоф од „YouTube“ каналот "Dynamo" ја посетува една од најсовремените лаборатории за тестирање на судари во светот, разговара со инженери и експерти од автомобилската индустрија, и ги анализира упатствата за користење на различни модели автомобили.
Резултатите, според него, се изненадувачки.
Истражувањето покажува дека автомобилите што се продаваат во земји со пониски безбедносни стандарди често имаат послаби материјали, помал број воздушни перничиња или поедноставени системи за асистенција при возење – иако го носат истото име и изглед како моделите што се нудат на развиените пазари.
Ова видео отвора едно важно прашање за довербата во автомобилските производители и поставува дилема:
Дали сите купувачи навистина добиваат исто ниво на безбедност, или некои се свесно оштетени?





