Десет автомобили со најголема и најмала километража "на резерва"

Точка

24/10/2025

15:52

1.138

Големина на фонт

а а а

Возењето на резерва често предизвикува стрес и анксиозност, што може негативно да влијае на безбедноста во сообраќајот. Дополнително, во некои земји – како Германија – затекнувањето на пат без гориво може дури и да биде казниво.

Сепак, возење на резерва е ситуација што може да се случи поради непредвидени околности – како затворена бензинска станица во текот на ноќта или лошо планирање на патувањето.

Британската страница „Compare The Market“ направи анализа на автономијата на резервата кај автомобили со бензински и хибридни мотори од различни категории и изготви рангирање според тоа колкаво растојание може да се помине по активирањето на индикаторот за резерва, пренесува „Autoklub“.

Автомобили со најголема автономија на резерва:

• Volkswagen Passat – 120 km

• Volvo V40 – 113 km

• Ford Mondeo – 112 km

• BMW Серија 5 – 109 km

• Toyota Prius – 107 km

• Mercedes E-класа – 103 km

• Audi Q5 – 102 km

• Range Rover Sport – 101 km


Автомобили со најмала автономија на резерва:

• BMW M3 – 51 km

• Kia Picanto – 52 km

• Fiat 500 – 59 km

• Mini Cooper – 60 km

• Mitsubishi Outlander – 61 km

• Jaguar XK – 62 km

• Citroën C1 – 62 km

• Peugeot 108 – 63 km

• Nissan Juke – 65 km

• Ford Fiesta – 66 km


Правилото од 10 проценти

Резултатите од студијата покажуваат дека нема потреба од паника кога ќе се запали светлото за ниско ниво на гориво – бидејќи повеќето производители резервираат околу 10 проценти од капацитетот на резервоарот за резерва. Тој дел обично е доволен за да се стигне до најблиската бензинска пумпа.

Сепак, треба да се има предвид дека потрошувачката на гориво може да порасне поради дополнителни фактори – како користење на клима-уред, густ сообраќај или екстремни температури.

Уште една причина зошто не се препорачува возење „до последна капка“ е тоа што мало количество гориво во резервоарот може да предизвика оштетување на моторот: пумпата за гориво може да се прегрее, а кондензираната влага и наслагите на дното на резервоарот можат да влезат во системот и да предизвикаат дефект.