Трик што искусните возачи го кријат: Одмаглете ги стаклата без клима и заштедете гориво

Точка

24/10/2025

20:23

844

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте имале замаглени стакла кои ви го попречуваат погледот на патот? Ова се случува поради надворешните услови кои влијаат на внатрешноста на автомобилот и создаваат слој кондензирана пареа на шофершајбната, страничните и задните стакла.

Најчестиот совет е да ја вклучите климата – но тоа троши гориво и на долг рок може да му наштети и на автомобилот и на вашиот паричник. За среќа, постои едноставен трик како да го спречите замаглувањето без дополнителен трошок.


Зошто се замаглуваат стаклата?

Главната причина за појавата на магла на стаклата е разликата во температурата помеѓу внатрешниот и надворешниот дел на автомобилот.

Според блогот на осигурителната компанија „AllState“, кога надворешната температура ќе падне и воздухот ќе стане студен, влагата што се наоѓа во кабината се „заробува“. Кога таа ќе дојде во контакт со студената површина на стаклото, се кондензира и создава полупроѕирен бел слој вода.


Како клима-уредот ги одмаглува стаклата?

За да се спречи замаглувањето, потребно е да се изедначи температурата внатре и надвор од возилото. Клима-уредот е практично решение затоа што ја регулира температурата и ја намалува влагата во воздухот.

Но, „Dodge“ предупредува: прекумерната употреба на режимот за рециркулација на воздухот може на долг рок да го влоши проблемот. Влагата останува заробена внатре, па веднаш штом ќе ја исклучите климата – маглата повторно се појавува.

За среќа, постои едноставен домашен трик кој целосно го спречува тоа.


Трик за одмаглување на стаклата без клима

Клучот е да се постигне рамнотежа помеѓу температурата внатре и надвор. Еве како:

• Малку отворете ги прозорците, колку што дозволуваат временските услови. Така ќе овозможите циркулација на воздухот и ќе ја намалите кондензацијата.

• Кога врне дожд, единственото ефективно решение е клима-уредот – не сакате внатрешноста, односно седиштата да впијат влага.

• „Volkswagen“ советува: ставете кесички со силика гел во автомобилот – истите оние што ги добивате во кутиите за обувки – тие ја впиваат влагата од воздухот.

• Ако ви е видливоста ограничена, најбезбедно е да го запрете возилото и да ја избришете надворешноста на шофершајбната пред да продолжите со возење.

Не мора да трошите гориво и да ја вклучувате климата за да имате јасен поглед на патот. Едноставна циркулација на воздухот и неколку кесички силика гел можат да бидат доволни за вашите стакла да останат чисти и без магла.