Колку често мажите треба да ејакулираат за да го намалат ризикот од рак на простатата? Бројката може да ве изненади

Точка

01/11/2024

18:39

12.005

Големина на фонт

а а а

Ракот на простата е најчеста форма на рак кај мажите – кај еден од осум нив. Мажите кои сакаат да го намалат ризикот од рак на простата треба да ја зголемат зачестеноста на мастурбацијата и сексуалната активност, сугерира една неодамнешна студија.

Анализата на претходните студии спроведени во последните 30 години покажа дека почестите ејакулации ја намалуваат веројатноста за развој на рак на простата. Истражувачите препорачуваат 21 ејакулации месечно, бидејќи е откриено дека оваа бројка може да го намали ризикот од болеста за една третина, пишува „Дејли Мејл“.

Иако точниот механизам не е сосема јасен, експертите веруваат дека зголемениот проток на крв низ простатата може да помогне да се исфрлат штетните материи кои можат да предизвикаат рак. Истражувачите истакнале дека препораката за редовна ејакулација, особено кај мажите на одредена возраст, претставува проактивен пристап за зачувување на здравјето на простатата.


Преглед, објавен ова лето во списанието „Clinical Genitourinary Cancer“, опфатил 11 студии со речиси 150.000 учесници, спроведени помеѓу 1990 и 2023 година. Сите студии ја истражувале поврзаноста помеѓу ејакулацијата и ракот на простата. Бројот на учесници варирал од неколку десетици до илјадници волонтери, на возраст од 20 до 80 години.

Едно од најзначајните студии, спроведено на „Медицинскиот факултет Харвард“, ги следело здравствените работници на возраст од 46 до 81 година. Истражувачите откриле дека мажите кои ејакулирале 21 или повеќе пати месечно имале 31 отсто помал ризик од рак на простата во споредба со оние кои ејакулирале поретко.

Најновата студија, објавена минатата година во „The World Journal of Men’s Health“, исто така открила дека мажите кои ејакулирале најмалку четири пати месечно во нивните 20-ти, 30-ти и 40-ти, имаат помал ризик од рак на простата.

Иако не е сосема јасно како мастурбацијата го намалува ризикот, се смета дека зголемениот проток на крв во простатата може да испорача кислород и хранливи материи кои помагаат да се елиминираат потенцијално опасните супстанции. Дополнително, ејакулацијата може да ги измие канцерогените акумулирани во спермата.


Студија од 2016 година, спроведена на „Универзитетот во Бостон“, сугерира дека честата ејакулација предизвикува промени во ткивото на простатата што го зголемува производството на цитрат, соединение кое може да ги уништи клетките на ракот на простатата. Сепак, најраните истражувања не откриле врска помеѓу ејакулацијата и ракот на простата. И покрај ограничувањата, како што е потпирањето на само-пријавените податоци, истражувачите веруваат дека наодите имаат голема клиничка важност.

Ракот на простата е најчестиот облик на рак кај мажите, кој зафаќа еден од осум мажи и предизвикува 35.000 смртни случаи годишно, според „Американското здружение за рак“. Мажите над 65 години се изложени на најголем ризик. Зголемувањето на случаите на рак на простата се припишува на стареењето на населението, со најголема преваленција кај постарите мажи. Оваа болест обично не предизвикува никакви симптоми во раните фази, а кога ќе се појават, вклучуваат проблеми со мокрењето, болна ејакулација и еректилна дисфункција.

Постои еден популарен светски предизвик наречен „No Nut November“ во кој мажите не ејакулираат во текот на месец ноември. Сепак, лекарите предупредуваат дека тоа не е добра идеја.


Ако имате проблеми со постигнување оргазам, погрижете се редовно да пиете вода. Хидратацијата го подобрува протокот на крв и другите телесни функции, вклучувајќи ги и сексуалните перформанси.

Исто така, важно е да имате квалитетен сон. Тоа е важно за постигнување на рамнотежа на хормони, вклучувајќи го и производството на тестостерон. Ако вообичаените совети не помагаат, побарајте помош од лекар.