[ФОТО/ВИДЕО] Стравични сцени: Се урна настрешницата на главната железничка станица во Нови Сад: Има голем број на повредени лица

Точка

01/11/2024

14:03

4.176

Големина на фонт

а а а

Во Нови Сад се урна стариот дел од главната железничка станица. На терен се возила на брза помош, полиција и пожарникари. Бројот на повредени лица е голем.

Според информациите, настрешницата се срушила на стариот дел од железничката станица, кој одамна не е реновиран.

Засега не се познати деталите за инцидентот, на терен се полицијата, брзата помош и пожарникарите. 

Според очевидци, стаклената тераса на старата железничка станица во Нови Сад денеска околу 12 часот паднала над влезната врата на зградата на станицата. Кога паднала настрешницата, на клупите долу седеле голем број луѓе, а луѓето во салата купувале билети.


Според известувачот на „Блиц“, на терен во моментов има 7 возила на брза помош, како и пожарникари кои се на терен заедно со градежни работници кои донесоа багери.

На местото на настанот се наоѓаат и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, како и министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.