[ФОТО] Сергеј Трифуновиќ се смири со Исидора: Прво ја пријави за насилство, а сега страсно ја бакнува

Точка

30/10/2024

21:29

2.715

Големина на фонт

а а а

Сергеј Трифуновиќ се смири со сопругата, по инцидентот кој се случи неодамна кога актерот ја пријави Исидора за семејно насилство, а доказ за тоа е најновото видео на кое се бакнуваат, пренесуваат српските медиуми.

Имено, екипата на шоуто „Папарацо лов“, на телвизија Пинк, објави видео во кое може да се забележи како Сергеј ја бакнува својата сопруга во јавност. Се чини дека парот одлучил да ги решат своите брачни проблеми и да ги остават зад себе настаните од минатото.


Инаку, Сергеј минатата недела ја пријави сопругата Исидора за семејно насилство по расправија во нивниот стан во Белград. Дошла и полиција, а брачната двојка завршила во станица на разговор, по што било утврдено дека нема елементи на кривично дело.


Меѓутоа, српските медиуми објавија дека против Исидора е поднесена прекршочна пријава врз основа на Законот за странци бидејќи како хрватска државјанка живеела илегално во Србија. Неодамна и „Телеграф“ напиша дека за тоа веднаш платила казна од 20.000 динари (околу 170 евра).