Фиго најави тужба по свечената церемонија во Париз

Дерби

29/10/2024

13:46

1.164

Големина на фонт

а а а

Големи фудбалски легенди од цел свет вчера беа присутни на свечената гала-вечер во Париз, а еден од нив беше и Луис Фиго кој во својата играчка кариера успеа да ја освои „Златната топка“.

Португалецот одблиску ги проследи случувањата во „Шатле“ театарот во француската престолнина и со свои очи виде како Родри ја освојува првата „Златна топка“ во кариерата, но пред да дојде до тоа, голема бура предивика една негова наводна изјава, која сега тој тврди дека воопшто не ја дал.

– Оваа церемонија беше многу свечена, се до денеска, – беше пренесената изјава на Фиго, наводно дадена како искажан револт што истата нема да заврши во рацете на Винисиус Жуниор.

Оваа негова изјава ја пренесоа и угледни медиуми како „АС“, но Фиго најави и тужби доколку истите не бидат повлечени и поправени.

Мадридски „АС“ брзо се поправи и ја отстрани истата, по што Фиго се закани и на Икс профилот за Реал Мадрид кој е доста популарен на оваа социјална мрежа.

– Не знам кој управува со овој профил, но барам да се поправи тоа што е направено. Тоа не се мои зборови! Ако сакате полемика, ќе ја добиете на суд!, – порача Фиго.



Спонзорирани линкови

Маркетинг