Култната "Isetta" доби наследник, пристигна летната верзија

Точка

28/10/2024

11:40

4.108

Големина на фонт

а а а

По многубројните проблеми "Microlino" започна со производство на електричната минијатура, а сега пристигна и поексклузивна верзија.

Неговото име е "Spiaggina" и во основа е преработка на постоечки модел. Концептот беше претставен пред две години, а сега на истото место е претставена и продукциската верзија. Духовниот наследник на "Isetta" сега има верзија за на плажа, односно верзија каде што се отстранети страничните и задните прозорци и поставен е платнен покрив. Преведено, над линијата што ги дели сино-белите делови на автомобилот, остануваат само шофершајбната и рамката што го поддржува лесно преклопувачкиот покрив.


Покрај оваа сино-бела комбинација, ќе бидат понудени црна и зелена боја, додека кабината ќе биде обложена со „веганска кожа“ со водоотпорни карактеристики.


Двоседот го напојува електромотор од 17 коњски сили кој се напојува од батерија со капацитет од само 10,5 kWh. Забрзува до 90 км/ч, а досегот е 177 километри. За жал, ова возило нема да го гледаме често бидејќи цената е навистина висока. Започнува од 24.990 евра, што е сума за која можете да купите пристоен компакт.