[ФОТО] „Изгледаат како мајка и син“: Зендаја прошета со своето момче, а беа распнати на мрежите поради нејзината висина - „Може да го земе во раце“

Точка

26/10/2024

14:00

4.300

Големина на фонт

а а а

Парот се запознал на снимањето на филмот Спајдермен во 2017 година, а на мрежите често им се потсмеваат поради разликата во висината, но актерската двојка не реагира на негативни коментари и ужива во својата љубов.

Актерскиот пар Том Холанд и Зендаја неодамна присуствуваа на настан во Њујорк, а за таа прилика донесоа координиран стајлинг. Иако се потрудија околу изгледот, сите забележаа впечатлива разлика во висината.


Зендаја избра фустан од кожа „Louis Vuitton“ во бордо боја, кој го искомбинира со тенко златно ланче, од брендот „Bvlgari“, нејзиниот партнер се одлучи за поедноставен моден пристап на овој настан.

Тој одбра класични црни панталони и маичка која исто така е во бордо нијанса, инаку вистински хит оваа сезона.

Не недостигаа позитивни коментари за нивното појавување, но има и такви кои повторно се зафатија со висинската разлика меѓу парот.

Зендаја, која е висока речиси 178 сантиметри, е повисока од своето момче Том Холанд, висок 172 сантиметри, а со оглед на тоа што носеше и штикли, разликата беше уште поголема.

„Буквално може да го земе во раце“, „Тие се преслатки, но таа е премногу висока“, „Изгледаат како мајка и син“, беа само некои од потсмевните коментари.