Петар Грашо и Хана Хуљиќ го крстија синот Тони: Обидот оваа церемонија да остане во тајност не успеа поради...

Точка

14/03/2025

18:22

771

Големина на фонт

а а а

Брачната двојка Хана Хуљиќ и Петар Грашо деновиве имаа посебна причина за славење во своето семејство. Имено, Хана и Петар го крстија својот син Тони, судејќи по објавите на социјалните мрежи.

Кумот на Грашо, словенечкиот готвач Томаж Кавчич, на својата инстаграм-приказна објави фотографија од сина торта со името Тони и кадифено мече, заедно со натпис „крштевање“.


Пејачката Доменика Жувела, пријателката на Хана и кума на нивната постара ќерка Алба, исто така објави на Инстаграм. На првата фотографија позирала заедно со Хана и нивните пријатели, додека на втората споделила видео од Кавчич како сече панетоне.


Двојката не ја коментираше крштевката на синот, а семејната веселба веројатно се потрудиле да ја задржат во тајност.


Да потсетиме, Хана и Петар ја добија и ќерката Алба во јули 2022 година. Тие се венчаа во февруари 2022 година во црквата Св. Доминик во Сплит, а на венчавката присуствувале најблиските пријатели и семејството. На крајот на октомври тие го добија своето второ дете, кое го нарекоа по дедото на Петар.