[ФОТО] Линдзи Вон ја покажа витката линија и воодушеви со модното издание на ревијата во Париз

Точка

14/03/2025

17:03

748

Големина на фонт

а а а

Легендарната американска скијачка Линдзи Вон блесна на модната недела во Париз, и уште еднаш го потврди статусот на модна икона надвор од скијачките патеки.

Имено, Линдзи најпрво уживала во ревијата на Баленсијага, каде била облечена во елегантен црн комплет кој ја истакнал нејзината совршена фигура.


Еден ден подоцна, во Париз таа присуствувала на ревијата на познатата уругвајска дизајнерка Габриела Херст. На таа ревија, Вон ја носела нејзината креација, софистициран бел фустан кој совршено ги балансира минималистичкиот дизајн и гламурот и ја истакна атлетската фигура на Вон.


Иако целиот свет ја знае како една од најдобрите скијачки на сите времиња, Линдзи во последните неколку години се повеќе се поврзува со модата.


Таа е голем љубител на стилот, редовно соработува со познати брендови и дизајнери, а ужива да споделува моменти од црвените килими и приватните настани на социјалните мрежи.

Покрај тоа, Вон ги изненади своите фанови во декември минатата година кога реши да му се врати на скијањето по речиси шест години пауза.


Исто така, за време на нејзината „скијачка пензија“, таа се посвети на пишување мемоари со наслов „Rise: My Story“, во кои отворено прозборе за предизвиците и животните борби низ кои поминала.