Српската инфлуенсерка Наталија Ѓукиќ, која објавува фитнес содржини со својата сестра Јулија и се познати како „Фитнес близначки“, неодамна објави видео во кое со своите следбеници сподели необичен фитнес совет.
„Сакате да вежбате и да помогнете некому? Одете кај човек кој живее сам и исчистете ја неговата куќа. Во мојот случај, тоа е мојот дедо“, напиша таа во видеото во кое покажа како ја чисти бањата.
Советите ги налутија мажите
Нејзините совети предизвикаа бурни реакции, а имаше и такви кои и пишаа дека мажите знаат да чистат, додека други решија да се пошегуваат со неа.
„Со човек кој живее сам? Излегува дека мажите не знаат да чистат…Можеби е подобро ако напишете со некој што е слаб, постар или болен“, „Значи, го поддржуваме тоа дека мажите се неспособни?“, „Па, не мора да чистиш, но може нешто да се зготви“ и „Скокни малку до кај мене“, се дел од коментарите под видеото.
Посвоиле куче и го вратиле во прифатилиштето
Да потсетиме, во октомври минатата година, девојчињата предизвикаа бура од реакции во јавноста откако објавија дека го посвоиле кучето Беки, а потоа го вратиле во прифатилиштето. Објаснија дека нивната одлука не била лесна и дека Беки им недостига многу, но и дека се многу среќни бидејќи го „оставиле таму каде што му е местото“.