Чави се сретна со Ханси Флик и со една порака ги воодушеви фановите на Барса

Дерби

18/10/2024

15:19

266

Големина на фонт

а а а

Чави Ернандес доби низа „отровни стрели“ во последните два месеци од луѓе од кои не се очекуваше тоа, ни покрај се, легендата на Барселона покажува дека љубовата кон клубот е поголема од сите невкусни потези.

Чави си замина како голем господин од Барселона и покрај заработениот отказ, бидејќи наместо да бара отштета, не побара ниту едно евро и му препорача на Лапорта да ги пренамени парите за следниот тренер.

Во негов наследник се претвори Ханси Флик и Германецот на импресивен начин ја надогради работата на Чави, па откако сите во клубот и опкружувањето се воодушевени од новиот тренер, со интересна објава се јави и Чави.

Ернандес организирал лична средба со Ханси Флик и успеал да мине едно цело попладне со германскиот стручњак, а моментот го овековечил и со слика на која позирале и неговите деца.

– Ханси, ти посакувам многу среќа! Виска Барса, – гласи пораката на Чави која ги воодушеви фановите на Барселона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг