Урнебес под Везув: Фановите на Наполи добија за задача да го изговорат презимето МекТомини

Дерби

18/10/2024

15:20

243

Големина на фонт

а а а

Скот МекТомини после 22 години го напушти Манчестер Јунајтед и се реши за прво искуство надвор од дома, а стартот кој го има во Наполи почна да ги воодушевува Италијанците.

Експертите од чизмата почнаа да делат низа комплименти за шкотланѓанскиот играч за врска и во низата пофалби се вклучија Ди Канио и Ѕола, но добриот старт на авнатурата во Наполи ги натера луѓето од „Калчо Наполи“ да направат една интересна анкета.

Навивачите и обичните граѓани на Неапол добија за задача правилно да го изговорат презимето на новото засилување, а дадените одговори се прилично бизарни.

Има малкумина кои правилно го изговорија Шкотланѓанецот и кои го положија тестот, но голем број од одговорите се урнебесни и комични.

Истото се случуваше во Неапол и пред две години, но набрзо фановите и граѓаните научија како да го изговараат Квича Кварацхелија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг