Карлос Алкарас имаше измешани емоции и речиси да не ја прослави победата која ја оствари над Рафаел Надал во полуфиналето на „Слемот на шесте кралеви“, сето тоа поради фактот што за последен пат заигра против својот идол.
Рафаел Надал најави дека се повлекува наредниот месец и на турнирот во Ријад за претпоследен пат се појави како професионален тенисер, но во полуфиналето немаше доволно решенија и доволно сили за својот сонародник.
Надал по поразот од 6:3 и 6:3 призна дека немал никакви шанси против „тениско животно“ какво што е Алкарас во моментов, додека Карлито реши да се огласи преку социјалните мрежи и уште еднаш да му се обрати на идолот кој беше негова голема инспирација.
– Беше привлегија да се игра против Рафа за последен пат! Уште еднаш, ти благодарам за наследството кое го оставаш и за тоа што беше инспирација за нас!
– Се гледаме наскоро во Малага, овојпат бранејќи ги боите на нашата Шпанија, – порача Алкарас.
It was a privilege to play against Rafa one last time! ❤️ Once again, thank you for your legacy and for being an inspiration to all of us! See you very soon in Malaga, but this time both wearing the colours of 🇪🇸 @RiyadhSeason
— Carlos Alcaraz (@carlosalcaraz) October 17, 2024
📸 Getty pic.twitter.com/WH99KWgaWx