Невиден шок во светот на спортистите! Драконска казна за италијанските ватерполисти поради срамен настап на Олимписките игри! Не одат на Светско првенство!

Точка

18/10/2024

15:40

12.341

Големина на фонт

а а а

Италијанската ватерполо репрезентација доби шестмесечна суспензија поради скандалозен испад на Олимписките игри во Париз.

Единицата за интегритет на водни спортови (AQIU) жестоко ги казни Италијанците за срамното однесување на мечот со Унгарија, па поради суспензијата ќе го пропуштат претстојното Светско првенство.

Казна од 100.000 евра ќе треба да плати и италијанскиот ватерполо сојуз.


Репрезентацијата на Италија е суспендирана поради вербално и физички напад на официјални лица по поразот од Унгарија во четвртфиналето на Олимписките игри во Париз.

Судијата го исклучи Франческо Кондеми поради бруталност во втората четвртина и откако упати удар кон унгарскиот гол, со рака го удри Јаншик по глава. На Италијанците им беше поништен голот, а во следните четири минути мораа да играат со играч помалку, што го искористија Унгарците.

Ваквата одлука ги разбесни Азурите, па решија да ја „остварат правдата“ по мечот. Селекторот Сандро Кампања и некои играчи вербално и физички ги нападнаа судиите и делегатите на паркингот пред салата, соопшти AQIU.


Суспензијата стапува на сила на 17 октомври, што значи дека Италијанците нема да можат да се натпреваруваат на Светското првенство, но сепак ќе имаат право да се натпреваруваат на Светското првенство во водени спортови во Сингапур следната година.