„Дали Сер Алекс го заслужи тоа!? Најконтроверзниот играч на Манчестер Јунајтед го крена гласот поради Алекс Фергусон

Точка

16/10/2024

16:01

773

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Французинот Ерик Кантона ги критикуваше новите сопственици на клубот бидејќи ја прекинале соработката со поранешниот тренер и директор Алекс Фергусон, кој беше и „амбасадор“ на клубот, објави денеска францускиот спортски весник „L'Equipe“.

Фергусон (82) вчера беше разрешен од функцијата „глобален амбасадор“ и директор на тој клуб, која ја извршуваше од 2013 година.

„Сер Алекс Фергусон треба да прави што сака во клубот доживотно. Каков недостаток на почит, тоа е целосно скандалозно!“, изјави Кантона и додаде дека секогаш ќе го смета Фергусон за главен шеф.


Кантона изјави дека поради ова ќе ги „фрли новите сопственици на клубот во голема вреќа со измет“.

Тој и Фергусон соработуваа од 1992 до 1997 година.

Причината за смената на Фергусон се парите: медиумите објавија дека неговата плата изнесува повеќе од 2.000.000 фунти годишно, а косопственикот на Манчестер Јунајтед, компанијата Инеос, го раскина договорот со него за да ги намали трошоците.


Со Манчестер Јунајтед, чиј тренер беше од 1986 до 2013 година, Фергусон ја освои Премиер лигата 13 пати, Лигата на шампионите двапати (1999, 2008), ФА Купот пет пати и Светското клупско првенство во 2008 година.

Хемиската компанија Инеос, во сопственост на милијардерот Џим Ретклиф, стана малцински сопственик на Манчестер Јунајтед во февруари оваа година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг