Ангеловски: Атмосферата е одлична, одиме да се надигруваме со Висла

Дерби

16/10/2024

13:39

243

Големина на фонт

а а а

Еурофарм Пелистер има нов меч во Лигата на шампионите, гостување во Полска кај Висла Плок, екипа која е актуелен шампион на оваа држава.

Висла е под Пелистер на актуелната табела во групата А, но тоа ништо не значи и тоа добро го знае предводникот на битолчани Бранислав Ангеловски кој има голема почит за составот кој го води шпанскиот тренер Сабате.

- Висла е добро компонирана и селектирана екипа од шпански тренер. Играат шпански систем со многу интернационални, екипа која пред неколку дена го победи Киелце и е актуелен полски шампион. Меѓутоа ние имавме позитивна недела, одигравме одличен натпревар во ЛШ и добар дерби натпревар во македонското првенство.

- Атмосферата е позитивна, тоа ме радува и ќе одиме да се надигруваме со Висла, а не да гледаме да загубиме со помала разлика. Тоа е една наша карактеристика. Се надевам на наша добра игра. Имаме неколку повредени играчи, но верувам дека ќе бидат здрави и спремни за добра претгстава, - истакна тренерот Ангеловски.

Мечот е закажан за утре од 20:45 часот во Плоцк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг