Мартинез: Потребна ни е магија во шеснаесетникот…

Дерби

16/10/2024

13:10

206

Големина на фонт

а а а

Португалија на блескаше и остана без победа на гостувањето во Глазгов кај Шкотка во Лигата на нации.

Многу повеќе се очекуваше од Португалците на „Хемпден Парк“ од селекција која во нападот ги има Роналдо, Леао, Жота, Феликс, Консеисао, Силва…но ниту еден од нив не успеа да ги матира домаќините и на крајот конечниот резултат беше 0:0.

- Што ни фалеше? Одлука, малку магија во шеснаесетникот. Имавме голема желба, работевме многу добро без топка. Беше опасен меч бидејќи можевме да го имаме поседот, но на Шкотска не и треба многу за да постигне гол. Покажавме свежина, но ни недостигаше свежина во последната третина, мора да и оддадеме заслуга на Шкотска, тие имаа многу играчи пред голот, нивниот голман исто така направи спектакуларен одбрана, - истакна селекторот Роберто Мартинез.

Меѓутоа и покрај ова реми Португалците остануваат први во групата со 10 бода, три повеќе од Хрватска, Полска има 4 поени, додека пак за Шкотскка ова беше прв поен во новото издание на ЛН.



Спонзорирани линкови

Маркетинг