Емотивниот Меси: Уживам, знам дека ова можат да ми бидат последни натпревари

Дерби

16/10/2024

12:46

196

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси имаше свои шоу во убедливото издание на Аргентина против Боливија во квалификациите за место на Светското првенство кое е на програмата во 2026 година.

„Гаучосите“ го прегазија противникот со 6:0, а во пет од тие погодоци директно беше инволвиран асот на Интер Мајами кој реализираше хет-трик, а двапати ја имаше улогата на асистент.

Преполниот „Монументал“ му се поклоди на Меси, го скандираше неговото презиме, ситуација која носи емоции кај капитенот.

- Многу е убаво да се игра овде, чувствувајќи ја наклонетоста на навивачите на Аргентина. Ме прави емотивен да слушам како го извикуваат моето име. Сите уживаме во оваа врска со навивачите и сакаме да играме дома, - вели ветеранот кој во однос на иднината порача:

- Не поставив никаков датум или рок за мојата иднина. Само уживам во сето ова. Поемотивен сум од било кога и ја земам сета љубов од луѓето затоа што знам дека ова може да ми бидат последни натпревари.

- Радост е да се биде присутен и да се цени овој момент. Тоа што сум опкружен со помлади соиграчи, со оглед на мојата возраст, ме прави повторно да се чувствувам како дете. Се наоѓам себеси како правам глупави работи затоа што се чувствувам толку удобно. Сè додека го задржам тоа чувство и можам да продолжам да придонесувам за тимот, планирам да бидам овде и да уживам во репрезентацијата, - заклучи напаѓачот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг