Јасикевичиус по дебаклот од Звезда и потегот на навивачите: Веројатно и јас ќе го направев истото

Дерби

16/10/2024

12:45

225

Големина на фонт

а а а

Фенербахче се посрамоти на пресметката со Црвена Звезда во Евролигата, меч на кој ја имаше улогата на фаворит на хартија, но на теренот доживеа вистински дебакл и пораз од 76:57.

Домаќините беа далеку од посакуваното ниво на двете страни на теренот особено офанзивни и потврда за тоа се само 57 кошеви во својот дом. Фенер загуби 18 топки на овој меч, па дел од фановите едноставно не сакаат да останат до крај и ги напуштија своите места на почетокот на четвртата четвртина.

- Ова не беше добра тренерска задача и добар тимски настап. Нема друг начин да се оцени овој натпревар. Офанзивно бевме катастрофални, имавме неверојатен број на изгубени топки. Се на се многу тешка вечер за нас.

- Видете сакаме нашите навивачи да нè поддржат, нема сомнение, но мора да бидеме одговорни и за производот што го ставивме на теренот. Тоа оди во двата правци. Да, бараме поддршка од нашите навивачи, но секогаш се трудам да бидам искрен – можеби и јас би си заминал порано, - рече Литванецот.

Фенербахче утре и гостува на Алба Берлин и ќе има можност да ја избрише лошата слика што ја остави против „црвено-белите“ од Белград.



Спонзорирани линкови

Маркетинг