Сува кожа, интензивирано уринирање, ненаситна жед – постојат различни симптоми кои можат да останат незабележани со години, но всушност укажуваат на дијабетес.
Јелена Пак, дипломиран натуропат, укажува на некои важни сигнали кои треба да ги сфатите сериозно, иако никој од вашето опкружување, а често и матичниот лекар, нема да ги забележи.
Затемнување на кожата на вратот или зглобовите
Кога инсулинската резистенција зазема замав и се шири во вашите клетки, кожата може да потемни, и тоа најчесто на вратот, зглобовите, под пазувите (лат. acanthosis nigricans). Исто така, можно е да се види затемнета кожа на местата каде што се допираат екстремитетите, на пример, помеѓу бутовите.
Шеќерот е идеална средина за развој на бактериите на кандида (лат. candida albicans). Ако е зголемен, во устата се формира биофилм, кој последователно предизвикува габична инфекција. Ако страдате на пример, од вагинални инфекции повеќе од два пати во текот на два месеца, треба да го проверите нивото на шеќер во крвта.
Високиот шеќер ја извлекува водата, течност што ги навлажнува очите. Се случува да не гледате јасно, како да ви недостасува фокус, често дури и очите ви изгледаат подуени. Доколку тоа не се лекува, може да доведе до сериозни болести на крвните садови и оштетување на мрежницата.
Дијабетесот го зголемува нивото на шеќер во устата. Се појавува пародонтоза и во устата се размножуваат бактерии. Како последица на тоа имаме чувствителни, отечени, воспалени непца, кои често крвават, а здивот станува непријатен. Кај дијабетес тип 1, таквиот здив потсетува на ацетон, а понекогаш и на расипано овошје. Ова е знак за голем недостиг на инсулин, што може да доведе и до дијабетична кома.
Нашето тело се обидува да елиминира големи количини шеќер во крвта преку урината. Поради ова, засегнатите имаат честа потреба за уринирање. Како резултат на тоа, можеме да бидеме дехидрирани и да чувствуваме постојана жед.
Седумдесет отсто од луѓето што страдаат од дијабетес имаат проблеми со кожата. Штом губиме многу течности, нашата кожа исто така станува дехидрирана. Хормоните што ги произведуваат нашите надбубрежни жлезди, кортизолот и адреналинот, се одговорни за појавата на чешање. Кога нашиот имунолошки систем е ослабен, и снабдувањето со крв во кожата е помало, циркулацијата ни е полоша, па поради тоа раните бавно зараснуваат.
Доколку главниот снабдувач на енергија, гликозата, не ја извршува добро својата функција, нашето тело почнува да ја користи енергијата на мускулите и резервите на маснотии. Обрнете внимание дали сте изгубиле 5 отсто од телесната тежина „без причина“ во рок од една година, на пр. околу 4,5 кг. Постојаниот глад не престанува дури ниту во текот на јадењето, па заболениот продолжува да јаде и по завршувањето на оброкот.
Кога имаме отпорност на инсулин (инсулинска резистенција), клетките на гликозата не ја создаваат енергијата што ја создаваат кај здравите луѓе, па дури 61 отсто од преддијабетичарите се чувствуваат исцрпено. Дополнително, за ова е одговорно и честото уринирање во текот на ноќта, кое ни го нарушува сонот, па следниот ден се чувствуваме исцрпени, измачени и изморени.
Вкочанетост, печење, скокоткање, како и нарушено чувство на студ и топлина кај секој трет пациент со дијабетес се појавуваат како последица на оштетување на нервите. Особено тоа се случува на палците и прстите, но и на рацете и на нозсте.