Тео Ернандез веќе пет години е дел од калчолигашот Милан, но секоја приказна има почеток и крај и останува отворено прашањето дали Французинот ќе остане на „Сан Сиро“ и по оваа календарска година.
Левиот бек е под договор до 2026 година, но засега двете страни не се седнати на маса и да преговраат за продолжување на соработката. Ако на ова се додаде неговото однесување на некои натпревари и партијата слична како онаа против Фиорентина, тогаш јасно е дека сите опции се отворени особено ако се точни информациите на „Калчомеркато“ и „Тутоспорт“.
Овие медиуми пренесуваат дека „росонерите“ го меркаат 23 годиниот белгиски репрезентативец Максим Де Кујпер кој пред неколку дена им даде гол на Италијанеците во Лигата на нации.
Тој е играч кој ја покрива комплетната лева страна на теренот, играч кој е врзан со Клуб Бриж до 30 јуни 2028 година.
Наводно сума од околу 20 милиони евра би била потреба за да се стартуваат преговорите, сума која не е преголема ако „росонерите“ навистина решат да свртат нова страница и да се ослободат од Ернандез.