Пеп Гвардиола долго е на фудбалската сцена, прво како играч и сега како тренер, две „кариери“ во кои беше и е успешен.
Низ досегашниот тек се има соочено со многу ситуации, моменти, има видено доста пред се како фудбалски фан, па од свој агол од тоа се што знае за оваа игра го издвои играчот кој според него е најголем на сите времиња.
Шпанецот нема дилеми кога се работи за оваа тема, прашање и неговиот глас оди кај капитенот на аргентинската репрезентација Лионел Меси со кого имаше одлична соработка во Барселона.
- За мене е лесно да се каже дека е најдобар на сите времиња, но ѕвездите се наместија во вистински момент. „GOAT“? Можеби тоа е недостаток на почит кон Пеле и Марадона, но за мене тој е. Никогаш не сум видел некој како него како тренер, не можете да замислите да го одржува овој континуитет 15-20 години.
- Кога ќе го видите одблиску, помислувате на Тајгер Вудс или Мајкл Џордан, имавме среќа да работиме со него, - рече Гвардиола за ТВ шоуто „Che Tempo, Che Fa“.