Експертите тврдат дека настапот на Селин Дион на Олимписките игри бил однапред снимен: Идентично звучела на пробата

Точка

12/10/2024

15:37

2.679

Големина на фонт

а а а

Милиони луѓе ширум светот беа воодушевени од настапот на Селин Дион, на овогодишните Олимписки игри во Париз, меѓутоа сега музичките експерти велат дека нејзиниот настап бил однапред снимен.

Со оглед на тоа дека боледува од синдром на вкочанета личност поради што веќе неколку години не настапува, музичката дива ги изненади обожавателите кога се врати на сцената ова лето, на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз, каде што ја отпеа легендарната песна „Hymne A L’Amour“ од „Edith Piaf“.


Нејзиниот настап доби бројни овации, а францускиот премиер, Емануел Макрон, настапот го нарече „емоционална кулминација на Олимписките игри“.

Меѓутоа, педесет и шестгодишната пејачка, сега се соочува со тврдењата дека нејзиниот настап бил однапред снимен. Оваа вест ја сподели францускиот весник „Liberation“, откако нивните новинари разговарале со неколку музички експерти.

Инженерот на звукот, кој сакал да остане анонимен, тврди дека се работело за репродукција, којашто може да се слушне од самиот почеток. Пијанистот и музичар „Ettien Guereau“ исто така вели дека ова е вистина.

„Она што го слушнавме на ТВ беше коригирана репродукција“, вели тој.

Покрај експертите од музичката индустрија, на „Јутјуб“ се огласи и музичарот наречен „Wings of Pegasus“ којшто тврди дека настапот звучел исто како и пробата. Тој вели дека проблемот е во тоа што, тоа е технички невозможно бидејќи песните честопати ќе се разликуваат дури и кога ги пее истата личност.


Режисерката Ирен Тејлор, во изјава за медиумите откри дека пробите биле навистина исцрпувачки, бидејќи стапалото на пејачката почнало да се вкочанува, поради што било потребна и лекарска помош.

Инаку, синдромот на вкочанета личност е ретка и неизлечива болест, којашто на пејачката ѝ беше дијагностицирана во 2022 година, а поради тоа таа беше принудена да ги откаже сите настапи и да ја прекине кариерата. Дион исто така изјави дека болеста ѝ создава тешкотии при одењето и не и дозволува да ги користи своите гласни жици, а неодамна исто така откри дека за да се чувствува подобро оди на терапии пет пати во неделата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг