Меланија Трамп во своите мемоари се потсети на нејзината прва средба со Доналд Трамп, и призна дека тој бил излезен со друга жена кога ја здогледал и почнал да флертува со неа.
Во книгата Меланија раскажува дека со пријателката била на забавата по повод Модната недела во 1998 година, кога им пристапил Доналд Трамп и покрај тоа што бил во друштво на друга жена.
„Здраво, јас сум Доналд Трамп, кажа човекот кој дојде до мојата маса“, пишува Меланија. Тогаш иако го препознала неговото име, ништо повеќе не знаела за Доналд.
Не сакала да му го даде нејзиниот број
Тој и пружил рака и започнал да разговара со неа. „Неговите очи беа исполнети со интерес и љубопитност. Ја искористи можноста, седна до мојот стол и го започна разговорот. Ме прашуваше за времето кое го поминав во Њујорк, мојот дом во Словенија и моите патувања низ светот“, се потсети Меланија.
И покрај тоа што средбата била кратка, Меланија вели дека врз неа оставила траен впечаток. „Од моментот коха започна нашиот разговор бев маѓепсана од неговиот шарм и опуштеноста. Околу нас се случува толку многу нешта, но неговата посветеност врз нашата интеракција, направи да се чувствувам како да сум во центарот на неговиот свет“, пишува Меланија.
„Тоа беше освежувачко дистанцирање од вообичаените површни разговори, и открив дека ме привлекува неговата енергија“, додаде таа.
Меѓутоа, при првата нивна средба, Доналд не бил сам туку во придружба на друга жена. „Кога на момент таа се оддалечи, тој ми го побара телефонскиот број“, вели Меланија, којашто притоа одбила да му го даде бројот. Наместо тоа, таа го замолила да ѝ го даде неговиот број, а тој тоа го прифатил со задоволство, но под еден услов.
„Ќе ти го дадам мојот број доколку ветиш дека ќе ме побараш“, тогаш ѝ кажал Доналд.