[ФОТО] Ријана е ѕвездата на новата кампања за долна облека: Бојата на косата иста со бојата на облеката

Точка

09/10/2024

14:12

3.333

Големина на фонт

а а а

Во последните години пејачката Ријана повеќе се фокусираше врз своите брендови за козметика и облека отколку врз нејзината музика, а сега токму таа е главната ѕвезда на заедничката кампањата на нејзиниот бренд „Savage x Fenty“ и брендот Дизел.


Ријана позираше во долна облека, којашто се наоѓа во понудата на нејзиниот бренд, и тоа црвен корсет, гаќички и халтери. Бојата на косата и беше иста како и бојата на долната облека, а огнено црвеното издание го комплетираше со сина бунда.


Исто така, таа носеше и ноќница која ја направи да изгледа како сукња.

„Долго очекуваната соработка со Дизел – конечно достапна“, пишува под фотографиите на пејачката.


Ријана и порано беше главна ѕвезда на кампањите на нејзините брендови, и со задоволство позираше во новите парчиња долна облека.


Инаку неодамна Тејлор Свифт ја собори Ријана од првото место на листата најбогати музичарки на светот, надминувајќи ја нејзината нето вредност од 1,4 милијарди долари.


Меѓутоа Ријана, сè уште поседува титулата на „најбогата музичарка на сите времиња“, откако во еден момент стаса до нето вредноста од 1,77 милијарди долари, но постои можност Свифт наскоро да ѝ ја одземе и оваа титула.