Руни го стави Белингам во втор план во изборот за најдобар англиски играч: За мене нема дилеми

Дерби

08/10/2024

12:26

1.281

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни застана во одбрана на Ерик Тен Хаг и побара поголема одговорност од актуелните играчи во првиот тим на Манчестер Јунајтед, но покрај тоа што говореше за својот сакан клуб, најдобриот голгетер во историјата на „ѓаволите“ го избра и својот омилен играч од Англија.

Во разговорот за „ТокСпорт“, Руни стави една ѕвезда на Манчестер Сити пред играчи како Џуд Белингам и Хари Кејн, но добри зборови упати и за Кол Палмер кој несфатливо беше стандардна резерва во тимот на Герет Саутгејт.

– За мене, без никаква дилема најдобар е Фил Фоден. Знам дека не игра многу на стартот на оваа сезона во тимот на Пеп Гвардиола, но тој е најдобриот англиски играч.

– Кога игра на највисоко ниво, тој е најдоброто што го има Англија во овој момент. За мене, сензационален раст забележа Кол Палмер. Откако пристигна во Челси, се што прави е добро за тимот.

– Сите гледаме што прави и Џуд Белингам во Реал Мадрид, но за мене Фоден е оној кој се идзвојува, нависитна уживам да го гледам како игра, – вели Руни.