Мота по 11. реми на Јувентус: Не верувам во лоша среќа, мора да се подобриме во еден сегмент

Дерби

30/12/2024

14:11

1.381

Големина на фонт

а а а

Јувентус повторно загуби два бода на натпревар кој требаше да го добие, па во последно време станува се поочигледен проблем дека тимот на Тиаго Мота има недостиг на самодоверба кога треба да се одбрани од противничките напади.

Лошата поставеност во одбрана направија Јувентус двапати да испушти предност на натпреварот против Фиорентина, а Мота не го криеше разочарувањето со оглед на тоа што неговиот тим пропушти изгледни шанси да го реши прашањето околу победникот во фазата во која доминираше на теренот.

– Постојано се обидувавме да напаѓаме во потрага по третиот гол. Моравме да постигнеме трет гол и да го „убиеме“ натпреварот. Наместо да го направиме тоа, го оставивме ривалот во живот и на крајот добивме казна. Не постигнавме гол кога требаше и мора да имаме поинаков пристап при менаџирање на натпреварите.

– Ни даваат голови од малку шанси, а во последно време се мачиме да постигнеме екстра гол кој ќе ни донесе победа. Мора да бидеме хируршки попрецизни во нападот, тоа е делот во кој мора да се подобриме.

– Треба да ги реализираме нашите шанси, тоа е делот на кој се прави најмногу разлика на еден фудбалки меч. Не верувам во лоша среќа, требаше да го „убиеме“ противникот и требаше да ја заслужиме победата со трет гол во нивната мрежа, – изјави Мота.

За Јувентус ова беше дури 11-то реми на 18 одиграни натпревари во Серија А, па иако тимот нема претрпено ниту еден пораз, веќе има посериозно заостанување на табелата како шестопласиран.