Бонучи ги заборави Меси и Роналдо: Еден напаѓач во Серија А ми претставуавше кошмар!

Дерби

07/10/2024

14:25

344

Големина на фонт

а а а

Леонардо Бонучи стави крај на играчката кариера и полека може да собира впечатоци од тоа што го доживеа на фудбалскиот терен, а при неделното гостување во „Скај Калчо клубот“, легендариот стопер проговори за најдобрите противници против кои се соочил.

Бонучи го посочи Луис Суарез како играч со кој најмногу се „тепал“ на теренот, но откри дека како најголем кошмар го смета Дуван Запата од времето во Аталанта.

– Играчот кој најмногу ме удираше и со кој имав најмногу забава на теренот е Луис Суарез. Тој ме удираше и јас го удирав без никаков проблем и немавме никаков проблем.

– Сепак, мојот кошмар, играчот поради кој не спиев навечер е Запата. Пред натпреварите со неговата Аталанта, не можев да заспијам….. Неговата сила и физичките предиспозиции правеа да биде кошмар за мене.

– Кога ќе се сумира се, среќен сум што можев да играм против многу шампиони. Дрога, Роналдо, Меси, Торес и многу други. Беше навистина посебно да се игра со такви противници, – вели Бонучи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг