Челси не успеа да го скрши отпорот на Нотингем Форест и мораше да се задоволи само со бод на „Стемфорд Бриџ“, а завршницата од мечот донесе и голема тензија на теренот.
Главниот судија Крис Кавана мораше да го продолжува мечот цели 13 минути и причина за тоа беше големата мешаница која настана во 87-та минута, кога еден дефанзивец на Нотингем намерно го турна Кукурелја за да се удри во Енцо Мареска.
Look at Palmer man, not a single thought in his head 😭😭😭 pic.twitter.com/jZx7E5bwjP
— TLV (@TheLampardView) October 6, 2024
Менаџерот на Челси беше соборен и од тука настана голема мешаница на теренот, а целата ситуација беше решена со три жолти картони и долго продолжение.
Од споменатиот хаос, на социјалните мрежи посебно се истакнува и едно видео кое навистина стана вирално, и кое всушност открива дека Кол Палмер воопшто не сака да биде дел од тензични моменти.
Додека играчите на Челси и Нотингем се влечеа и влегоа во неколку клинча, Палмер реши да седна на земја и да си фаќа сеир одстрана.