[ФОТО] „Лажат, не е вистина“: Синер збесна поради шпекулациите за кои зборува тенискиот свет

Точка

07/10/2024

15:21

1.005

Големина на фонт

а а а

Јаник Синер, моментално тенисер број еден на АТП листата, изјави дека не е точно дека се оженил.

И додека за Синер најмногу се пишува во контекст на допинг аферата, многу се зборува и за приватни работи од неговиот живот.

Така низ тениската заедница се прошири приказната дека Ана Калинскаја и Синер тајно се венчале.

„Не е точно дека се оженив. Лажат“, рече Синер.

Италијанските медиуми ја пренесоа веста за бракот, па дури и детали дека тој ја запросил Ана во Њујорк по освојувањето на втората Грен слем титула во кариерата.


„Тоа е новост и за мене. Не, не ја запросив и ништо не се случи. Само што ги прочитав деталите за таа вечера по Ју-Ес Опен, но сето тоа е лага“, изјави Италијанецот донекаде шокиран од наводите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг