[ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО] Седум кученца живи фрлени во контејнер во Кочани

Макфакс

07/10/2024

09:58

1.008

Големина на фонт

а а а

Вработените во КЈП „Водовод“ во Кочани, задолжени за собирање и складирање на отпадот при нивната редовна работа, во контејнер за отпадоци пронајдоа вреќа со седум мали живи кутриња, фрлени на нехуман начин заедно до другото ѓубре.

И ова ли мораше да го види јавноста какви луѓе сме?


Вработените во КЈП „Водовод“ од Кочани кои се задолжени за собирање и складирање на отпадот во градската депонија,


честопати се соочуваат со отпад за кој тие не се задолжени да го превземаат од домаќинствата и фирмите.


Станува збор за градежен шут, електронски и медицински отпад, како и тврди и отровни материи.


Но ова што го најдоа утрово, ги запрепасти сите и ги помина сите граници.


Еве што имаме во ќесата, од видеото што ни го испратија. 


Се прашуваат каков народ сме, се прашуваме и ние?

Posted by Radio Kocani on Sunday, October 6, 2024

Од претпријатието нагласија дека секојдневно се соочуваат со отпад за кој не се задолжени да го собираат, како градежен шут, електронски и медицински отпад, но овој случај ги надминал сите граници.

Оваа случка стана вирална и предизвикува бројни негативни коментари на социјалните мрежи.