ВМРО-ДПМНЕ: СДС системски го уништуваше македонското здравство, Филипче е најлошиот министер за здравство во историјата на Македонија

Макфакс

21/12/2024

13:34

224

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмена реакција на прес конференцијата на Рената Младеновска, членка на ИО на СДСМ.

„СДС треба да се срами кога зборува за здравството.

СДС треба да се срами бидејќи здравството беше во кома кога нивниот претседател Венко Филипче беше министер за здравство.

Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија.

СДС треба да знае дека нивниот претседател Венко Филипче додека беше владин функционер и министер за здравство остави девастирана област.

Последиците од СДС и ДУИ во здравството се огромни, катастрофални и штетни.

Деструктивните политики на СДС и ДУИ го уништија македонското здравство, во време на СДС и ДУИ имаше бројни скандали во здравството како историскиот скандал на Онкологија.

Во време кога Филипче беше министер за здравство, неговото катастрофално менаџирање во здравството ги остави болниците без медицинска опрема, клиниките и болниците во долгови и дефицит на медицински кадар.

Mандатот на Филипче беше преполн со големи афери, сомнителни тендери, корупција, и скандали со пациенти.

Крахот на македонското здравство во време на Филипче, СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите.

Филипче имаше низа на афери и скандали во здравството особено во време на пандемијата како скандалот со набавката на кинеските вакцини.

Филипче како министер за здравство за време на корона пандемијата ја стави Македонија на 5-то место на светската листа со најголем број на жртви.

На Филипче кој е прв човек на СДС кога беше министер му се случија модуларна болница во Тетово, Дурмо турс, корона пандемија, Онкологија, скандалот со набавката на кинеските вакцини и ова се случаи кои Филипче дозволи да резултираат со 14 мртви во Тетово, а во несреќата Дурмо Турс 15 мртви.

СДС со Филипче е само продолжена рака на Заев кои освен тендери и ставање пари во џеб ништо друго не ги интересираше.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДС и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на граѓаните“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, Рената Младеновска од СДСМ кажа дека сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на деца во изминатите шест месеци.

„Во втората половина на 2024 година, починале 19 доенчиња и едно петгодишно девојче. Овие трагични бројки отвораат многу прашања за кои јавноста заслужува одговори“, вели таа.

Младеновска праша зошто и како се направени пропустите, каде затајува системот, дали се штитат лекарски грешки?