Дали ова значи крај на ерата на Кардашијан? Создадена апликација која ги блокира сите вести поврзани со најпознатите сестри во светот

Точка

06/10/2024

14:00

6.106

Големина на фонт

а а а

Британец креирал апликација која ги филтрира вестите за познатите сестри Кардашијан и нивните објави за повеќе да не ја гледате нивната содржина.

Британец креирал апликација која ги филтрира вестите за познатите сестри Кардашијан и нивните објави за повеќе да не ја гледате нивната содржина.

Семејството Кардашијан-Џенер е дефинитивно едно од највлијателните во Холивуд, но и во светот. А, се започна со една жена, која ги создаде ќерките милијардерки - Крис Џенер.


Сестрите Ким, Кајли, Кортни, Кендал и Клои учествуваа во семејно реално шоу кое ги следеше нивните животи. Со текот на времето тие станаа едни од најпознатите, токму затоа што од шоуто произлегоа големи можности. Иако некои сестри „помалку заработуваат“ финансиски од другите, сите се богати.

Покрај многуте неуспешни обиди за пласирање на секакви брендови, секоја од нив најде по еден кој успеа да се „пробие“ кај публиката. Сепак, секогаш има некои „скандали“ за кои повторно треба да се зборува.


Многумина не го поддржуваат нивното влијание врз општеството, особено затоа што тие влијаат на доста трендови во сите сфери. Токму поради ова, еден Британец создаде апликација која ги филтрира вестите за нив и нивните објави за повеќе да не ја гледате нивната содржина.

Една девојка го пробала бидејќи, како што вели, и е доста од сите можни новости за нив - од мода до изјави. Така, таа ја испроба апликацијата на Фејсбук од страна на нејзината пријателка која објави статија за нив. Откако ја вклучи апликацијата и дозволи да ги филтрира вестите за семејството Кардашијан-Џенер, таа и покажа дека објавата е таму, но таа не можеше да види што е тоа, изјави за Медиум.


Оваа вест одекна и на други мрежи, а како што изгледа луѓето почнаа да бараат да се прават апликации и за други познати личности. Така, можеби јавноста повторно ќе ја има во свои раце одлуката кој ќе биде популарен, а кој ќе дојде до „крајот“ на популарноста.




Спонзорирани линкови

Маркетинг