Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ денеска во Шангај го започнува походот кон титулата.
Од второто коло стартува четирикратниот шампион на Мастерсот во Кина, а ривал ќе му биде Американецот Алекс Микелсен (околу 12:30 часот).
Ноле пред мечот со Американецот приреди невидено шоу на прес-конференцијата.
Познато е дека Новак одлично зборува неколку странски јазици, а сега имавме можност да го слушнеме како зборува на исклучително тешкиот кинески јазик.
Talented on and off the court 🙋♂️@DjokerNole showcases his Chinese language skills in Shanghai! pic.twitter.com/fduJg15dz5
— Rolex Shanghai Masters (@SH_RolexMasters) October 4, 2024
Се обиде да изговори неколку реченици на кинески, што ги воодушеви тамошните новинари.
Се обидел да посака мир, но прво предизвикал смеа поради погрешно изговорен збор. Србинот брзо ја поправи грешката, предизвика ентузијазам во салата и уште еднаш потврди дека не е само талентиран на теренот.
За една кинеска телевизија, Ѓоковиќ научил да вели: „Ви благодарам за поддршката. Ја сакам Кина“. Секако, следеа бројни пофалби за трудот и интересниот начин на интерпретација. А, српскиот тенисер не го криеше задоволството од доаѓањето во Источна Азија, велејќи дека не е тајна дека добро му оди во Кина. Сепак, тој призна дека ќе мора да се подобри во ова.
„Морам да работам на мојот кинески. Се уназадив, морам да признаам. Не сум играл овде пет години, тоа е предолго, ќе морам да вежбам“.
Новак му пришол на новинарот кој му помогнал во изговорот и му рекол дека мора да биде присутен на сите негови конференции за да му помогне со јазикот.