Хаити: Најмалку 70 убиени во напад на вооружена банда

Нетпрес

05/10/2024

08:59

289

Големина на фонт

а а а

Најмалку 70 лица, меѓу кои десет жени и три деца, се убиени во напад набандата Гран Гриф врз село на Хаити, објавија Обединетите нации во петокот вечерта.

Најмалку 70 лица, меѓу кои десет жени и три деца, се убиени во напад набандата Гран Гриф врз село на Хаити, објавија Обединетите нации во петокот вечерта.

Канцеларијата на ОН за човекови права во Женева соопшти дека членовите на бандата отвориле оган врз селото кај Понт-Сонде, по што запалиле четириесетина куќи и неколку десетици возила.

Премиерот на Хаити, Гари Конил, напиша на платформата X дека тоа е брутален напад врз невооружени луѓе.

Членовите на бандата Гран Гриф ги изненадиле жителите во четвртокот во 3 часот по локално време и ги подложилена „неискажлива бруталност“, соопшти владата. Најави дека ќе го зголеми присуството на безбедносните сили во регионот северно од главниот град Порт-о-Пренс.

Хаити е најсиромашната земја на западната хемисфера и со години е место на насилство од вооружени банди кои сега го контролираат поголемиот дел од главниот град. Насилството сега се прошири и во другите региони, пишува агенцијата dpa.



Спонзорирани линкови

Маркетинг